јануари 17, 2020

Противправно лишување од слобода на мигрант од Мароко

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: На 17.01.2020 околу 11.00 часот во Полициска станица Сопот, М.М(25) од Палестина и Х.С(26) од Мароко, мигранти сместени во Транзитен центар Табановце пријавиле дека последните два дена А.К.(28) од Мароко бил држен во куќа во с.Ваксинце од лица од Пакистан и од с.Ваксинце, со цел да му бидат изнудени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е статус на мигрант, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локација – с. Ваксинце е место каде што поминува нерегуларната рута низ која што се движат мигранти и каде што честопати се случуваат инциденти поради нивниот статус на мигрант.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба и стабилност во земјата.


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Противправно лишување од слобода на мигрант од Мароко image