јули 12, 2013

Повторно каменувана куќата на Петар Стојковиќ

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Вечерва околу 23 часот и 30 минути, повторно е каменувана куќата на активистот за човекови права и актер, Петар Стојковиќ.

Во инцидентот нема повредени и не е причинета материјална штета.
„Во 23.36 часот се случи второто каменување на мојата куќа. Станува збор за група млади луѓе кои веднаш по чинот се дадоа во бегство. Известена е полицијата која ја очекувам да пристигне“ – напиша Стојковиќ на својот Фејсбук профил.

Ова не е првпат вандали да посегаат по насилни методи со кои ја загрозуваат сигурноста на Стојковиќ.
„Полицијата дојде и го евидентираше случајот. Имам само една порака до ЛГБТ-фобите: Ме мотивирате и ме стимулирате уште поревносно да се борам за почитување и унапредување на човековите права и слободи во нашата држава“ – додава Стојковиќ.
И минатиот месец непознати лица го каменуваа домот на Стојковиќ, извикувајќи погрдни зброви и упатувајќи закани во дворот од неговата куќа.

Тој напад се случи неколку дена по објавената колумна на актерот Стојковиќ, во која тој пишува отворено за својата сексуална ориентација.

Адреса
Skopje, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Повторно каменувана куќата на Петар Стојковиќ image