април 1, 2018

Молотов коктел врз автомобилот на поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Во раните утрински часови непознати лица, во непосредна близина на „Три бисери“,
во населбата Аеродром, фрлиле запаллива направа врз теренско возило“Нисан навара“ со скопски
регистарски ознаки, кое според евиденцијата на МВР е сопственост на А.С. (62) од Скопје, но во
меѓувреме било продадено на Љ.Т. (наша забелешка Љупчо Тодоровски-Радникот) од Скопје. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Датум, време и место на инцидентот: 01.04.2018 година во 05.55 часот, бул. “Јане Сандански“ на паркинг
пред Трговскиот центар “Три бисери“.
Извор на информации: Електронски медиум ако.мк, слободенпечат.мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа
опасност (Член 288, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторител/и.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР за овој регистрирано е кривично
дело Предизвикување на општа опасност според чл. 288 од КЗ и до ОЈО е доставено известување на
23.07.2018 година.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата.

Адреса
бул. “Јане Сандански“ на паркинг пред Трговскиот центар “Три бисери“
Име на Локација
Три Бисери

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Молотов коктел врз автомобилот на поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност