Што се случило: На 09.04.2018 година во 09,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавено
е дека во с.Брњарци, скопско од страна на непознат сторител било извршено оштетување на надгробни
споменици во локалните гробишта. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 09.04.2018 година во 09,30 часот, с. Брњарци, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Сквернавење на гроб (Член 400
од КЗ на РСМ),
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е религија
а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно има регистрирано вакви инциденти каде се
уништуваат верски објекти или надгробни споменици.
2. Место – Инцидентот се во с. Брњарци каде и претходно има регистрирано вакви случаи на
уништување или оштетување на надгробни споменици и верска и етничка нетрпеливост.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој случај е евидентиран како
крвично дело сквернавење на гроб по член 400 од КЗ, поднесена е пријава до ОЈО против непознат
сторител и се трага по сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.