Што се случило: На 23.04.2018 година во Полициската станица Бит Пазар, З.С. (54) од Скопје пријавил
дека истиот ден околу 20.45 часот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ неговиот
17-годишен син физички бил нападнат од страна на четири непознати лица, кои го удирале со боксови
во пределот на главата. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 23.04.2018 година, околу 20.45 часот на автобуска постојка на
булеварот „Крсте Мисирков“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: еден малолетник (17).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: четири непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – напад на осамени малолетници, а напаѓачите се во група
3. Место – Инцидентот се случил на авотбуска станица и улица каде и претходно имало вакви и
слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој случај е евидентиран како
нарушување на јавен ред и мир член 12 и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).