Што се случило: На 04.04.2018 година околу 18.30 часот пријавено е дека во парк на улица “Анастас
Митрев“ во Скопје, поголема група непознати лица (на возраст од 16 до 18 години) физички го нападнале
Д.Ц.(23). МВР презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 04.04.2018 година околу 18.30 часот, улица “Анастас Митрев“ во
Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум курир.мк.
Инволвирани жртви: 1 жртва.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ), Учество
во тепачка (Член 132, КЗ на РСМ)
Сторители: поголема група сторители меѓу кои и малолетни.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – се напаѓаат осамени малолетници или млади лица, а напаѓачите
се во поголема група
3. Место – Инцидентот се случил на место каде и претходно имало вакви и слични напади.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, овој инцидент е регистриран како
разбојништво во обид, и доставен е записник за примање на пријава до ОЈО против непознат сторител.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).