Што се случило: На 29.07.2018 година во 18,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ш.Ш. (50)
пријавил дека на 28.07.2018 година на улицата “Радишанска“ од страна на непознато лице на предната
страна на неговата куќа биле испишани графити со навредлива и недолична содржина. Се работи на
расчистување на настанот.
Датум, време и место на инцидентот: 29.07.2018 година во 18,00 часот, улицата “Радишанска“.
Извор на информации: дневен билтен на МВР. Претставник од Хелсиншки Комитет излезе на лице
место, но немаше никакви видливи графити ( освен на една куќа ,,Алекс дизајн,, како да имаше траги од
свежно бојадисување и скоро неприметни траги од графити со црна боја) поради што не можевме да го
фотодокументираме настанот.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ). Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се регистрирани инциденти на испишување на графити
на јавен простор со политичка или етничка содржина.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, нема одговор од МВР на
Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
(Одговор од МВР добивме во Јануари 2019, се работи на целосно расчистување на случајот )
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка стабилност
во земјата.
76. Ограбени мигранти