јули 24, 2018

Нападнати и ограбени мигранти на граничен премин Табановце

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус
Инциденти сторени поради етничка припадност
Расна или друга дискриминација

Што се случило: На 24.07.2018 година во 11,30 часот на железничката пруга Табановце-Прешево, од
страна на полициски службеници биле откриени осум лица-мигранти од Иран. При тоа, лицата пријавиле
дека истиот ден откако оствариле илегален влез од Грција во Северна Македонија, на околу 200 метри
пред граничната линија со Р.Србија, две непознати лица, со закана со нож, извршиле разбојништво над
истите, при што им одзеле 8.000 евра. Од страна на екипа од Црвен Крст на мигрантите им била укажана
лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Датум, време и место на инцидентот: 24.07.2018 година во 11,30 часот на железничката пруга Табановце-
Прешево
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: осум лица мигранти.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237 КЗ на РСМ),
Сторители: повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е статусот
на мигранти/бегалци, тоа што жртвите се мигранти а пристрасните индикатори се:
1. Статус на мигранти/бегалци – жртвата се мигранти бегалци;
2. Модел на претходни инциденти – напади на мигранти особено покрај пруга или пат се регисрирани
и претходно

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР. ( Одговор
од МВР добивме во Јануари 2019, случајот е евидентиран кај нив, но тие не биле надлежни)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање безбедноста на
лицата мигранти и бегалци кои транзитират низ нашата земја.

Адреса
Табановце, Северна Македонија
Име на Локација
пругата Табановце- Прешево

Број на жртви
8
Број на сторители
10
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнати и ограбени мигранти на граничен премин Табановце image

Кривични дела

Против сопственоста
Кражба Грабеж Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство
Против човештвото и меѓународното право
Расна или друга дискриминација

Основа

Раса Националност Етничка припадност