Што се случило: На 19.09.2018 година околу 08.30 часот на улица „Орде Чопела“ во Прилеп, пријавено
е оштетување на општинска канцеларија на политичка партија СДСМ, при што се скршени две стакла.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. .
Датум, време и место на инцидентот: 19.09.2018 година околу 08,30 часот на улица „Орде Чопела“ штаб
на СДСМ, во Прилеп
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Сторители: непознат/и
сторител/и.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти кога беа демолирани
партиските штабови на СДСМ
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на настанот, делото се гони по
приватна тужба.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
политичка состојба во земјата.