Што се случило: Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Р.М.(26), Е.М.(22)
и Б.Р.(23) од село Криволак-Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично
дело “разбојништво“. Имено на 19.09.2018 година околу 08,00 часот во близина на село Криволак
пријавените извршиле разбојништво над четворица мигранти од Индија, при што им одзеле 950 евра и
четири мобилни телефони, по што го напуштиле местото на настанот.
Датум, време и место на инцидентот: 19.09.2018 година околу 08 часот, во близина на село Криволак ,
Неготино.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: четворица бегалци/мигранти.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237 КЗ на РСМ)
Сторители: три идентификувани сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е тоа што
жртвите се мигранти а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата се мигранти бегалци;
2. Модел на претходни инциденти – напади на мигранти особено покрај пруга или пат се регисрирани
и претходно
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, овој инцидент е расчистен и
поднесена е кривична пријава против три лица.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и безбедноста на бегалците и мигрантите.