Што се случило: Вчера вечерта во полициската станица во Драчево било пријавено дека бил искршен
штаб на СДСМ во селото Долно Количани.
„На 25.09.2018 година во 09.40 часот во Полициската станица Драчево, С.И. од с.Долно Количани,
скопско, пријавил дека во текот на ноќта на 24/25.09.2018 година непознат сторител искршил четири
прозорски стакла од штабот на политичка партија СДСМ во с.Долно Количани. Се преземаат мерки за
пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, соопштија од полицијата..
Датум, време и место на инцидентот: 24/25.09.2018 година, во с.Долно Количани.
Извор на информации: Електронски медиум Фокус.мк
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Сторители: еден
неидентификуван сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти кога беа демолирани
партиските штабови на СДСМ
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
политичка состојба во земјата.