Што се случило: На 27.09.2018 година околу 13,20 часот во Полициска станица Тетово, Д.А.(23) и
Х.Џ.(18) двајцата од Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, околу 11,50 часот најпрво биле
навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово. Двајцата пријавители делеле флаери со
содржина поврзана со претстојниот референдум, а според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите,
ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по
што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него, заминал од местото на
настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 27.09.2018 година, во 11,50 часот, на улица „Маршал Тито“, Тетово.
Извор на информации: Билтен на МВР
Инволвирани жртви: две машки лица
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: С:А. од Тетово
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичката
припадност на жртвата и строителот, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.
Статус на случајот: Расчистен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, за случајот е доставено Известување
бр.34.2.3-10764/1 од 26.11.2018 година до ОЈО Тетово.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба и политичката стабилност во земјата.