септември 27, 2018

Летоци со закани поврзани со Референдумот 2018

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На 27.09.2018 година во 10.22 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.Т.
пријавила дека пред зграда на улица „Локов“ имало расфрлана хартија на која биле испишани
заканувачки содржини во врска со референдумот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 27.09.2018 година на улица „Локов“, Скопје
Извор на информации: Билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 од КЗ на РСМ) Сторители: непознат
сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
Улица „Локов“, Скопје
Име на Локација
Улица „Локов“, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Летоци со закани поврзани со Референдумот 2018 image

Кривични дела

Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Политичка припадност