Што се случило: СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од село Агино Село, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, на негов профил на социјалната мрежа „Facebook” објавил текст со заканувачка содржина, со кој повикувал на насилство кон пратеници.
Датум, време и место на инцидентот: точно неопределн датум и време, преку социјална мрежа Фејсбук, МВР поднело пријава на 24.01.2019
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: неопределени
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 ст 4, КЗ на РМ) Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член 394-г КЗ на РМ)
Сторители: еден идентификуван сторител ( Д.В. 42).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
18. Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на етничка омраза и повикување на насилство преку социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.
3. Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Поднесена соодветна кривична пријава за наведеното кривично дело (чл.144 Загрозување на сигурност и член 394-г Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба и политичката стабилност во земјата.
јануари 24, 2019
Нови закани и повикување за насилство врз пратеници преку Фејсбук
Адреса
Agino Selo, Macedonia (FYROM)
Име на Локација
фејсбук
Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да