јануари 28, 2019

Нападнато 18 годишно момче на бул. Кочо Рацин

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 31.01.2019 година во 09.00 часот во СВР Скопје, С.Ќ.(18) од село Студеничани, скопско, пријавил дека на 28.01.2019 година околу 20.30 часот на булевар „Кочо Рацин“, на автобуска постојка, бил физички напад
нат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 28.01.2019 година околу 20.30 часот на булевар „Кочо Рацин“, , на автобуска постојка..
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една жртва.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни и млади лица на улица, атобуска постојка или блиску училиште

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Од МВР се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив ( училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Адреса
булевар „Кочо Рацин“
Име на Локација
автобуска постојка.

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнато 18 годишно момче на бул. Кочо Рацин image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност