Што се случило: На 09.02.2019 година во 17,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека истиот ден околу 16,10 часот на улицата “Бит Пазарска“ во близина на слаткарница Ф.Ѓ.(20) и С.Ѓ.(24) и двајцата од с. Црник-Пехчево физички биле нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 09 февруари 2019 година, 17,10 часот ул. “Битпазарска“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: две полнолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: неколку сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.