Што се случило: На 03.04.2019 СВР Штип поднесе кривична пријава против С.В.(37) од Виница поради постоење
основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистичко и ксенофобичен материјал по пат на
компјутерски систем“. На 03.04.2019 пријавениот, на социјалната мрежа „Facebook” објавил текст со заканувачка
содржина.
Датум, време и место на инцидентот: на 03.04.2019, Facebook, Виница.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) познат сторител, С.В. од Виница
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – многу често социјалните медиуми особено Facebook се користи како простор за
сторување на ваков вид инциденти
Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: Поднесена кривична пријава за кривично дело по член 394-г од КЗ. Кривичното
дело е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.
март 4, 2019
Виничанец на социјалната мрежа „Facebook” објавил текст со заканувачка содржина
Адреса
Виница, Северна Македонија
Име на Локација
Виница, Северна Македонија
Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители