Што се случило: На 20.04.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека
на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во
врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 20.04.2019 година основно училиште с. Мислешево Струга
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: нема идентификуван сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – образовен објект, гласачко место
2. Модел на претходни инциденти – Пред секои изброи се регистрираат ваков вид на инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Поднесено писмено известување до ОЈО Струга.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.