Што се случило: На 21.04.2019 година во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Петар Ацев“,
И.К. (19) од Скопје со уште две непознати лица физички ги нападнале В.Д. (18) од Скопје и уште едно лице
на возраст од 17 години. И.К. бил приведен во Полициската станица Аеродром. Се работи на расчистување на
случајот (во близина на транспоретен центар)
Датум, време и место на инцидентот: 21.04.2019 година околу 01.20 часот на улица „Петар Ацев“ Скопје ( во
близина на Транспортeн Центар).
Извор на информации: дневен билтен на МВР, press24.mk ; skopje1.mk
Инволвирани жртви: две (2) жртви од кои една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) сторители од кои еден (1) идентификуван сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во центарот на градот, каде има многу автобуски постојки и голема
фрекфенција на ученици од различни етнички заедници
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на Единицата за насилен криминал до надлежното ОЈО Скопје е
поднесено писмено известување во врска со кривично дело „Тешка телесна повреда“ по чл.131 од КЗ
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, особено безбдноста на
децата и младите луѓе.