Што се случило: На 14.05.2019 година во 13.00 часот во СВР Тетово и во Полициското одделение Сарај, М.Н. –
претседател на одбор на бранители, пријавил дека била откорната спомен плочата на загинатите бранители, која
била поставена на автопатот Тетово – Скопје на место викано „Карпалак“. Се преземаат мерки за расчистување
на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 14.05.2019 година во 13.00 часот автопатот Тетово-Скопје на место
викано „Карпалак“.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, vesti.mk; emagazin.mk
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – спомен обележје на загинати бранители во војната 2001
2. Модел на претходни инциденти – И претходно на ова место се регистрираат ваков вид на инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.