Што се случило: На 19.05.2019 година во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 23.30 на 18.05.2019 до 00.10 часот на 19.05.2019 година 15-годишно момче од Скопје било физички нападнато од поголема група непознати лица. Според пријавеното, додека тој и двајца негови другари шетале по кеј на реката Вардар, бил пресретнат и нападнат од лицата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 19.05.2019 година кеј на реката Вардар
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиуми
Инволвирани жртви: една малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: поголема група непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација-во овој дел од градот и претходно се регистрирани ваков вид на инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.