август 10, 2020

Физички напад на ул. „Никола Парапунов“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 10.08.2020 во 01.10 часот Х.М.(36) од Скопје пријавил дека на 09.08.2020 околу 23.55 часот на ул.„Никола Парапунов“ бил физички нападнат од две непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – напади во доцните часови на улица, блиску училиште, во автобус.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад на ул. „Никола Парапунов“ image