октомври 25, 2020

Физички напад во близина на градскиот парк во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 25.10.2020 во 00,50 часот А.Ј.(20) од Скопје пријавил дека во Градски парк тој и  М.Ј.(19) биле физички нападнати од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло затоа што жртвите биле нападнати поради тоа што зборувале различен јазик, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – жртвата и напаѓачите зборувале на различен јазик
  2. Етничкото потекло – жртвата и сторителите припаѓаат на различни етнички заедници

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
2
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад во близина на градскиот парк во Скопје image