октомври 2, 2020

Тепачка помеѓу малолетници во близина на градскиот парк во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 02.10. околу 20.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул. 1732, 14 и 15 годишни малолетници, двајцата од Скопје, од една страна и 15 годишен малолетник од с. Шишево од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл.11 од ЗППЈРМ.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло поради тоа што тепачката настанала поради тоа што момчињата зборувале различни јазици, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – засегнатите малолетници зборувале на различен јазик
  2. Етничкото потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
3
Број на сторители
3
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Тепачка помеѓу малолетници во близина на градскиот парк во Скопје image