јануари 12, 2019

Напад во ЈСП бр. 5 поради сексуална ориентација

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Што се случило: На 17.01.2019 година во 11.50 часот во Полициската станица Центар, Д.Б.(26) од Скопје пријавил
дека на 12.01.2019 година околу 14.00 часот во автобус на ЈСП бр. 5 Скопје на улица „Митрополит Теодосиј
Гологанов“ бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
( напомена: овој случај е пријавен во полициска станица откако жртвата се обрати до Хелсиншкиот Комитет за
насилство извршено во автобус само поради неговата сексуална ориентација)

Датум, време и место на инцидентот: 12.01.2019 година околу 14.00 часот во автобус на ЈСП Скопје на улица
„Митрополит Теодосиј Гологанов“
Извор на информации: поднесено барање за БПП во Хелсиншки, дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
сексуална ориентација, а пристрасните индикатори се:
1. Сексуална ориентација – жртвата била идентификувана од сторителот као ЛГБТИ лице и затоа била
нападната.
2. Локацијата – автобусите на градскиот превоз често се место каде се извршува насилство од омраза, а
линијата бр. 5 е една од почестите линии каде се регистрираат инциденти од омраза.
3. Модел на претходни инциденти – напади сторени поради предрасуди поврази со изгледот и комуникација
на жртвата се и претходно забележан модел кај инциденти сторени поради сексуална ориентација на
жртвите.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Иако случајот е пријавен во полициска станица Центар, сторителот се уште не
е идентификуван. При пријавувањето во полициска станица случајот беше квалификуван како прекршок, а не
како кривично дело.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање безбедноста на
лицата од ЛГБТИ заедницата.

Адреса
улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Име на Локација
во автобус на ЈСП бр. 5

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад во ЈСП бр. 5 поради сексуална ориентација image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Сексуална ориентација