Колумна на Катја Лихтенвалнер: „Златна зора – криминална организација?“

Катја Лихтенвалнер, новинарка, истражувачка и медиумска аналитичарка, на живописен начин ја опишува судската постапка против 69 пратеници, членови и поддржувачи на грчката неонацистичка партија Златна зора, која заврши на 7 октомври 2020 година во Атина. Судењето беше прикажано како едно од најголемите и најважните судски процеси во Европа во изминатата деценија, но и прво вакво судење против нацистичка партија по Нирнбершкиот процес.

„Златна зора не е едноставно криминална организација, туку конструкција на добро организирани нацисти, криминалци и опортунисти кои го искористија погодниот момент за да се издигнат политички за време на економската и социјалната криза. Златна зора е идентитет, начин на живот и алатка за добростоечки, влијателни носители на авторитет.

Сложеноста на нејзиниот подем и нејзиното работење укажуваат на тоа дека тие се само уште една екстремистичка политичка формација, какви што постоеле во минатото и секогаш ќе бидат присутни во иднина, во нова форма, како политички чинители.“ –  нагласува Лихтенвалнер, споделувајќи факти и сознанија, кои што се исклучително важни и во глобален контекст.

Колумната е достапна на следниот линк: https://mhc.org.mk/kolumni/zlatna-zora-kriminalna-organizaczi%D1%98a/