Дрпљанин од Хелсиншки: Криминалот од омраза не е случаен, туку е насилна манифестација на поделби, стереотипи и предрасуди

Во годишниот извештај за злосторства од омраза за 2020 година беа регистрирани 104 инциденти. Иако има помалку инциденти во споредба со претходната година, со оглед на минатогодишните рестрикции во однос на движењето и помалата интеракција помеѓу луѓето, бројката од 104 инциденти сепак е огромна. Тоа што и во такви околности младите сепак наоѓаат начин како да бидат учесници во дела од омраза, укажува на сериозен проблем, кој треба побрзо и посериозно да се третира.

„Инцидентите беа регистрирани веднаш по нивното пријавување од страна на медиумите или Министерството за внатрешни работи. Истовремено, 37 инциденти (36 проценти) беа потврдени, додека 67 (64 проценти) сè уште се непотврдени. Повеќето непотврдени случаи се поврзани со ситуации каде според другите индикатори постои основа за верување дека овие пристрасни инциденти се мотивирани од етничката припадност на жртвата“ појаснува Дрпљанин и додава дека и годинава во месеците јануари, февруари, март и април трендот на говорот на омраза продолжува речиси исто како во 2020.

Повеќе за ова може да се прочита на следниот линк: https://www.slobodenpecat.mk/video-drplanin-od-helsinshki-kriminalot-od-omraza-ne-e-sluchaen-tuku-e-nasilna-manifestaczija-na-podelbi-stereotipi-i-predrasudi/?fbclid=IwAR07l8LpWwY6jgZfVXIwqwGJ2YeFanFLmg0XiLlp424Lbn8Pub_xX8oEjpw

Надворешен видео линк