Акција во општина Центар, на sидот на Универзалната Сала

Со овој графит е покриена една од пораките испишани на јавните површини низ градот, со која се повикува на насилство и смрт. Графитот на Панде Ефтимов и Камелија Каламерникова ја брише омразата и го разубавува просторот, истовремено апелирајќи разумот да го замени непромисленото ширење нетрпеливост помеѓу етничките заедници.

Доколку забележите навредлив и дискриминаторски напис во вашето маало, фотографирајте, наведете ja точната локација и пратете ни порака на ФБ страната на „Злосторства од омраза“ или мејл на helkom@mhc.org.mk или на Vildan.Drpljanin@mhc.org.mk.

Фотографии