септември 13, 2020

Скандирање на навредлива содржина што посакува смрт и „гасна комори“ на една етничка заедница од страна на навивачи

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени на спортски натпревари

Што се случило: На 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор Проевски – Скопје, каде навивачи движејќи се кон арената извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло и локацијата каде се случил нападот (градскиот парк), како и фактот што е предизвикан од навивачка група, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло – потенцијалните жртви и напаѓачите се од различна етничка заедница;
  1. Модел на претходни инциденти – претходни напади на луѓе во близина на стадионот и напади помеѓу навивачки групи.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и влијаат на етничката поларизација што придонесува за дополнителни зголемувања на делата од омраза заради различна етничка припадност.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Скандирање на навредлива содржина што посакува смрт и „гасна комори“ на една етничка заедница од страна на навивачи image