септември 19, 2020

Скандирање на навредлива содржина што посакува смрт на една етничка заедница од страна на навивачи

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени на спортски натпревари

Што се случило: На 19.09.2020 околу 15:00 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓ. Петров и Ф.К. Вардар, на бул. Ѓорче Петров во Скопје, каде навивачи движејќи се кон натпреварот извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло и локацијата каде се случил нападот (непосредно пред стадионот), како и фактот што е предизвикан од навивачка група, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло – потенцијалните жртви и напаѓачите се од различна етничка заедница;
  2. Модел на претходни инциденти – претходни напади на луѓе во близина на стадионот и напади помеѓу навивачки групи.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и влијаат на етничката поларизација што придонесува за дополнителни зголемувања на делата од омраза заради различна етничка припадност.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Скандирање на навредлива содржина што посакува смрт на една етничка заедница од страна на навивачи image