јули 15, 2020

Физички напад за време на одржувањето на предвремените парламентарни избори

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На 15.07.2020 околу 11.00 часот во дворот на училиштето „Зини Хани“, во струшкото село Велешта, В.Ќ.(31) и А.Ќ.(28), двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие најпрво упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е политичката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Модел на претходни инциденти – Пред секои изброи се регистрираат ваков вид на инциденти.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна и политичка состојба во државата.


Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад за време на одржувањето на предвремените парламентарни избори image