август 15, 2022

Одземено знамето на Руската Федерација во Конзулатот во Битола

Инцидент
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 14.06.2022 во 16.50 часот во СВР Битола, вработена во Конзулатот на Руската Федерација во Битола пријавила дека било одземено знамето на Руската Федерација, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, претпоставениот пристрасен мотив е националната основа поради тоа што знамето било одземено од непознато лице во време кога постои конфликт меѓу Русија и Украина, а пристрасните индикатори се:

  1. Време на инцидентот – настанот се случува во период додека трае конфликтот меѓу Русија и Украина
  2. Национална основа – одземање знаме на конкретна држава
  3. Локација – настанот се случил во конзулатот на Руската Федерација

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и животот помеѓу различните национални, етнички и јазични групи во општеството.

Адреса
Ул.Маршал Тито во Битола каде што се наоѓа седиштето Конзулатот на Руската Федерација во Битола
Име на Локација
Конзулат на Руската Федерација во Битола

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Одземено знамето на Руската Федерација во Конзулатот во Битола image