мај 1, 2019

Малолетници нападнати во автобус што вози до населба Ченто ( бр. 45)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 01.05.2019 година околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус,
кој сообраќал од Транспортен Центар кон населба Ченто (бр. 45), бил нарушен јавниот ред и мир. Според
пријавеното, неколку лица упатувале навреди кон А.П. (17), В.М. (16) и Ф.К. (17), сите од Скопје, по што физички
ги нападнале А.П. и В.М.. По преземени мерки, околу 20.30 часот, во врска со настанот биле приведени Р. А.
(21), Е.А. (15), Ф.Б. (14) и Б.Р. (15), сите од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 01.05.2019 година околу 19.45 часот во автобус, кој сообраќал од
Транспортен Центар кон населба Ченто
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: три (3) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) идентификувани сторители од кои двајца (2) се малолетни.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – во автобусите број 45, 55 и 65 кои сообраќаат од центар до населба Ченто и
околните населени места се возат луѓе од различни етнички заедници помеѓу кои постои нетрпеливост.
2. Локација – и претходно во овие автобуси се случувале вакви слични инциденти, особено помеѓу деца и
млади луѓе

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на одделение за одделението за имотни деликти и малолетничка
деликвенција поради постоење на основи на сомневање дека сториле кривично дело „Насилство“ од чл.386 од
КЗ поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.

Адреса
населба Ченто , Скопје
Име на Локација
автобуска линија бр. 45

Број на жртви
3
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетници нападнати во автобус што вози до населба Ченто ( бр. 45) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност