август 15, 2022

Физички напад врз основа на различно државјанство

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Малолетниот син на Ј.Х.Џ.Х.А.Т.(43) од Катар, кој тренирал фудбал на игралиште во Скопје, бил турнат од страна на тренерот М.К. на 29.06.2022 година. Против тренерот бил поднесен соодветен поднесок согласно Законот за прекршоци. По завршување на фудбалскиот тренинг, на излезот од игралиштето, претседателот на клубот пријавил дека бил физички нападнат од страна на Ј.Х.Џ.Х.А.Т. од Катар. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје бил извршен увид, известен бил и Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, претпоставениот пристрасен мотив е припадноста на различна држава и тоа што засегнатите страни зборувале различен јазик, а пристрасните индикатори се:

  1. Државјанство – инволвираните имаат различно државјанство
  2. Јазик на зборување – засегнатите страни зборувале на различен јазик
  3. Религиозна припадност или верско убедување – засегнатите страни припаѓаат на различна религија и имаат различно верско убедување

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу домашните и странските државјани, како и помеѓу различните религиски и јазични групи во општеството.


Број на жртви
2
Број на сторители
2
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Физички напад врз основа на различно државјанство image