септември 20, 2020

Физички нападнат малолетник

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Расна или друга дискриминација

Што се случило: На 20.09.2020 во 23.00 часот во ПО Шуто Оризари, родител пријавил дека неговиот 17-годишен син биле физички нападнат од 21-годишен маж.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло поради тоа што малолетникот зборува поинаков јазик од напаѓачот, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – жртвата и напаѓачот зборувале на различен јазик
  2. Боја на кожа – жртвата имала поинаква боја на кожа од напаѓачот заради што и била нападната
  3. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачот биле од различна етничка заедница
  4. Локација – Шуто Оризари е општина на повеќе етнички заедници и претходно се регистрирани ваков вид на инциденти

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и влијаат на политичката поларизација што придонесува за дополнителни зголемувања на делата од омраза заради различна политичка припадност


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички нападнат малолетник image