октомври 5, 2022

Оштетен крст во двор на црква во с.Пресил

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Ноќта на 15 август 2022 бил оштетен крстот во дворот на црквата „Св.Ѓорѓија“ во с.Пресил. Настанот веднаш бил пријавен во СВР Битола, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е верско уверување, а пристрасните индикатори се:

  1. Целна локација – религиозен објект
  2. Модел на претходни инциденти

    Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата.

Име на Локација
Црква „Св.Ѓорѓија“ во с.Пресил, битолско

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Уништување на симболи
Име на Локација
Религиозен објект
Оштетен крст во двор на црква во с.Пресил image