ноември 12, 2019

Нападнати и ограбени мигранти во Липково

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус
Инциденти сторени поради етничка припадност
Расна или друга дискриминација

Што се случило: На 12.11.2019 во 14.00 часот во Транзитен Центар – Табановце, Н.А.(35) и Х.М.(38), двајцата
мигранти од Иран, пријавиле дека неколку лица во с.Лојане, општина Липково им ги одзеле парите и мобилните
телефони, а едно од лицата извршило обљуба над жена мигрант од Авганистан која, според пријавеното, потоа
ја пренеле во Р.Србија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 12.11.2019, 14.00, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: тројца (3) жртви
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Лојане, Општина Липково, Северна Македонија
Име на Локација
Лојане, Општина Липково, Северна Македонија

Број на жртви
3
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнати и ограбени мигранти во Липково image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните Незаконско лишување од слобода Криминална закана
Против родовата слобода и морал
Полов напад на беспомошен човек
Против сопственоста
Кражба Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Раса Боја на кожа Националност Етничка припадност