февруари 15, 2022

МВР ги премести припадниците на „Лев Тахор“ во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Со полициска придружба припаднците на еврејската верска група „Лев Тахор“ синоќа беа преместени од Куманово во Скопје поради загрозување на нивната безбедност.

-Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, порачаа од МВР.

Преместувањето следуваше откако во Куманово пред куќата во којашто беа сместени постојано се собираа граѓани, а имало и фрлање со јајца и камења кон куќата.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
МВР ги премести припадниците на „Лев Тахор“ во Скопје image