Наместо молитви клетви го красат манастирот во каменичка Дулица. Фасадата на малиот манастир посветен на св. Ѓорѓи е бојното поле каде лично се пресметуваат едни жители со други, па белата фасада на манастирот кој гордо се издига над Дулица, е поцрнета со графити изгребани со нож.
Ова сквернавње на верскиот објект се повторува веќе 5 години, вели Мире Колевски претседател на МЗ. Жителите згрозени од овој чин на сквернавење на манастирот кој го изградиле двајца сопружници од селото во 70-тите години.
Од месниот одбор надлежен за одржување на манастирот , велат дека сквернавењето на верскиот објект, редовно го пријавуваат во полиција. Архиерејскиот намесник во Брегалничката епархија Атанас Поповски го осуди овој вандализам.
Дали овој апел на свештениците, конечно, ќе го разберат вандалите кои го нагрдуваат единствениот верски објект во Дулица.