Неверифицирани

Физички нападнат активист во Тетово поради Референдумот 2018

13:20 Sep 27 2018 Тетово, Македонија

Опис
На 27.09.2018 година околу 13,20 часот во Полициска станица Тетово, Д.А.(23) и Х.Џ.(18) двајцата од Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“, околу 11,50 часот најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово. Двајцата пријавители делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум, а според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите, ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него, заминал од местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0