Неверифицирани

Разбојништво врз мигранти

13:35 Aug 9 2018 Неготино

Опис
На 02.07.2018 година во 09,40, часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Михајлово“ на автопат Неготино-Градско во близина на „Стоби“, забележале две лица-мигранти од Авганистан. Со истите бил извршен разговор и тие изјавиле дека пред два дена илегално пеш ја преминале грчко-македонската граница. Мигрантите ориентирајќи се по пругата, на 02.07.2018 година во 07,00 часот во близина на железничката станица во Неготино биле пресретнати од страна на четири лица и над нив било извршено разбојништво, при што, по нивно кажување им биле одземени 700 евра и два мобилни телефони. Од страна на полициските службеници мигрантите се предадени на полициски службеници од Полициската станица Неготино, за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Линк од вести
http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/1175
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0