Неверифицирани

Запалени албанско и грчко знаме за време на протест

11:47 Feb 28 2018 Скопје

Опис
За време на протестот за одбрана на името кој се одржа на 27 февруари 2018 година и кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието се случија неколку инциденти, информираа од МВР.
Според полицијата, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница. Исто така, за време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија.

....
ДНЕВЕН БИЛТЕН- МВР 28.02.2018

www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/1050/

На 27.02.2018 година во 18.00 часот во Скопје пред седиштето на ЕУ, започнал протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа, кој подоцна собирот продолжил и пред Собрание на РМ. За време на вчерашниот протест кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница. При преземање мерки и активности, во паркот Жена борец во Скопје биле пронајдени пет шишиња со запалива течност, а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во полициска станица. За време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија.

.......
Палењето на знамиња на странски држави претставува кривично дело според член 319 од КС (Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа), и е дело од омраза.
Повеќе податоци
Вие сте: Сведок
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Уништување на симболи
Локација: Улица

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Tепачка кај новата Железничка станица во Скопје

19:30 Apr 12, 2013

Скопје- Железничка станица во Скопје, 0 Kms

Каменуван воз во Скопје

16:20 Apr 13, 2013

Скопје- во близина на железничката станица „Скопје - север“., 0 Kms

Прекин на финалето поради навредливи скандирања

20:00 May 22, 2013

Скопје- Градски Стадион, 0 Kms

Уште еден каменуван воз во Скопје

16:23 Apr 13, 2013

Скопје- Железничка станица Скопје Север, 0 Kms