Верифицирано

Навредлив графит во Битола

23:45 Jan 18 2018 Битола

Навредлив графит во Битола
Опис
На социјалните мрежи се појави фотографија од графит на ѕидот на една зграда во Битола. „Смрт за Шиптари!“ на македонски и албански јазик и иронична забелешка „Закон си е закон“ е најновиот израз на говор на омраза по етничка основа, кој го „краси“ ѕидот на оваа битолска улица од денеска.
Ова доаѓа по изгласаниот закон за употреба на јазиците и не е реткост во Битола, според набљудувачите на ЦИВИЛ. На годишнината на албанската азбука, пред две години, беа искршени прозорците од Музејот на албанската азбука, а во март минатата година беа фрлени четири молотови коктели во истиот објект.

21 ЈАНУАРИ 2018 - НЕЗАВИСЕН

СВР-Битола денеска соопшти дека осомничени се две лица за кои се смета дека напишале непристоен графит на фасада на битолски Широк сокак.

Во врска со настанот, кога во Битола на улицата Широк сокак на фасадата од зграда беа испишани графити со говор на омраза на македонски и на албански јазик, СВР-Битола, Одделение за Криминалистичка полиција, по преземени мерки и активности, го расветли настанот и повикани се две лица од Битола.

- Едното лице е малолетно, а другото е на возраст од 19 години. Со нив е извршен разговор. По целосно документирање на настанот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР-Битола.

30 ЈАНУАРИ 2018 - МВР

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.В. (17) и Ѓ.Д. (18), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „расна и друга дискриминација“. На 18.01.2018 година околу 02.30 часот на фасада од зграда на улица “Широк Сокак“ во Битола пријавените испишале графит со недолична содржина на македонски и албански јазик.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 1