Верифицирано

Обиени партиските простории на ВМРО во Охрид

00:00 Dec 10 2017 Ohrid, Macedonia (FYROM)

Опис
Просториите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид биле искршени. Kако што велат од таму, освен скршените два надворешни прозори преку кои лицата влегле во просториите, нема оштетувања на инвентарот во комитетот.

Овој инцидент го осуди општинската организација на СДСМ. Од таму ги повикаа органите на прогонот, согласно нивните овластувања, да ги преземат сите можни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот.

„Правната држава подразбира функционирање на правото и сигурност за сите граѓани на Република Македонија подеднакво, и во таа насока, очекуваме дека сторителите во најкус можен рок ќе бидат изведени пред лицето на правдата“ се вели во соопштението на СДСМ.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Уништување на имот

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0