Неверифицирани

Претепани малолетници во Бутел

18:00 Dec 18 2017 Скопје

Опис
Две малолетни лица биле физички нападнати од поголема група на машки лица на возраст од околу 16-18 години на улицата „Босна и Херцеговина“ во скопски Бутел.
Околу полноќ, на местото на настанот се упатил Т.З.(45) од Скопје и забележал како неговиот син Т.Д. (16) го носеле негови другари и братучеди, кои му кажале дека не му е добро и дека има вртоглавица, по што го однел во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и во разговорот со неговиот син истиот појаснил дека додека бил заедно со неговите другари физички биле нападнати од поголема група на лица при што ја изгубил свеста. На Т.Д. во пределот на левото рамо му била нанесена повреда расекотина со тврд предмет, најверојатно од нож, информираат од полицијата. Малолетникот појаснил дека до физичкиот напад дошло откако претходно неговиот другар Б.Т.(16) имал расправија со напаѓачите во дворот на училиштето „Зефљуш Марку“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

18-годишно момче нападнато на улица

22:08 Mar 30, 2016

Бутел, Скопје, 0.01 Kms

Каменуван воз на релација Кичево-Скопје

14:45 Jun 02, 2013

Скопје- Железничка станица Скопје Север, 0.03 Kms

Демолиран штабот на ДУИ во Скопје

15:00 Oct 03, 2017

Нас. Скопје-Север, 0.12 Kms