Верифицирано

Пет лица брутално претепале момче од Студеничани

22:00 Jun 4 2017 н. Центар, Скопје

Опис
25 годишниот Сејди Рамадани од Студеничани вчера бил брутално нападнат од неколку непознати лица. Нападот се случил кај Југодрво во Скопје, каде Сејди чекал автобус за Студеничани. Според него, го тепале фанови на Вардар кои тргнале да слават на плоштад за победата на Вардар во лигата на европските ракометни шампиони.

„Случајот се случи кај Југодрво на станицата каде чекав автобус за Студеничани. Од автобусот број 5 се симнаа неколку хулигани и ме прашаа дали сум Албанец. Кога им потврдив со да, почнаа да ме удираат. Едниот ме фати и ме држеше, а другиот ме удираше. Ми ја соблекоа кошулата и со нож ми ишараа неколку крстови напред и назад по телото. И тука исто така. Беа петмина, четворица ме тепаа, едниот не се доближи. Беа со маски, со шалови на Македонија и со дресови на Вардар. Ме истепаа и заминаа накај плоштадот.“ – изјави Сејди Рамадани, жител на Студеничани

Сејди ја известил полицијата, а потоа бил пренесен во болница.

„Веднаш се јавив во полиција. Полицијата дојде, но не презедеа ништо. Ме ставија во полициско комбе и ме однесоа во полициска станица. Таму дадов изјава и ме држеа до 12 часот во станицата зад железничката, а потоа заминав в болница. Таму ми направија неколку снимки. Немам скршеници, но имам исекотини со нож. Бев удрен со држач на знаме.“ – вели Рамадани

Од МВР го потврдија настанот и соопштија дека лицето Сејди Рамадани било нападнато во 21: 35 од четири лица кои избегале во непознат правец. Од МВР велат дека се преземаат сите мерки за расветлување на случајот. Исто така, од МВР соопштуваат дека во сообраќајката која се случи вчера по полноќ на булеварот Партизански одреди, лесно биле повредени 9 лица, од кои 6 полицајци. Исто така вчера на социјалните мрежи имаше пишувања дека Комитите нападнале неколку Албанци, но полицијата тоа не го потврди.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Тројца малолетници нападнати кај Олимписки базен

13:28 Dec 20, 2013

н. Центар, Скопје, 0.11 Kms

Скршена спомен плочата на Мара Бунева

01:35 Jan 13, 2014

н. Центар, Скопје, 0.14 Kms

Нападнати неколку малолетници на кеј

13:34 Feb 20, 2016

Центар, Скопје, 0.15 Kms