Верифицирано

Нападнати пакистански мигранти кај с. Бунарџик

00:11 Feb 16 2017 с. Бунарџик, Скопје

Опис
Во 00.30 часот телефонски во ЕИК Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово (во близина на с.Бунарџик) има две лица со повреди на главата и телото. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле И.А.С. и Ф.К.А., државјани на Пакистан, кои илегално влегле во Р.Македонија.

По нивно кажување, на мостот за с.Бунарџик од страна на пет непознати лица биле нападнати со палки и железни шипки, по што им биле одземени пари.

И.А.С. во неконтабилна состојба и Ф.К.А. биле пренесени во Медицински центар Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

6 МАРТ 2017 - АГЕНЦИЈА АНАДОЛИЈА
ПОЧИНА МИГРАНТ ОД ПАКИСТАН НАПАДНАТ ВО БЛИЗИНА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-КУМАНОВО

Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, кое соопшти дека почина едно од двете лица нападнати на 16.2.2017 година.

„Во врска со настанот ‘разбојништво’ на 25.2.2017 година, од страна на лекар од Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар – Скопје, пријавено е дека повредениот И.А.С. починал“, соопштија од МВР.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Линк од вести
http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/671
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Телесна повреда,Напад со ладно оружје

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0