Верифицирано

Расна дискриминација во Битола

00:32 Jan 19 2017 Битола

Расна дискриминација во Битола Расна дискриминација во Битола
Опис
На ѕидовите од Основното училиште Ѓорѓи Сугарев во Битола биле нацртани графити со кукасти крстови и испишани пораки „Смрт за Ѓупци“ и „Умрете Ѓупци“. Во училиштето најголем број од учениците се од ромската етничка заедница (околу 80%).

Писмена реакција е испратена од Неформална група граѓани - „Ромски Граѓански Парламент“ претставници на ромската заедница од општина Битола, како и здруженијата на граѓани кои работат на застапување на правата на Ромите. Во реакцијата е наведено дека со испишувањето на текстот сторителот на делото ги исполнил обележјата на кривичните дела „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“ од член 319 од Кривичниот законик на РМ,„Расна и друга дискриминација“ од член 417 од Кривичниот законик на РМ, како и „Загорозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик на РМ.

23 ЈАНУАРИ 2016
Отстранети графитите од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола

Графитите и кукастите крстови се отстранети, по реакцијата на неформалната група граѓани претставници на ромската зедница од општина Битола. Случајот е пријавен во СВР Битола.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0