Неверифицирани

Каменуван автобус во Велешта, една патничка повредена

13:21 Mar 4 2013 с. Велешта

Каменуван автобус во Велешта, една патничка повредена
Опис
Една патничка е повредена во автобус кој бил каменуван вчеравечер во струшкото село Велешта.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, околу 20 часот, непознати лица каменувале автобус со охридски таблички во струшкото село Велешта. Автобусот сообраќал на релација Охрид – село Вевчани.

Од камењета скршени се пет стакла на автобусот, а една патничка, 32-годишната Б.К. од Вевчани се здобила со телесни повреди.

На повредената патничка и’ била укажана помош во амбулантата во Вевчани, но поради сериозноста на повредите таа подоцна е однесена во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид.

Полицијата трага по сторителите.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Немири со струшко Октиси, спречена градба на црква

22:00 Aug 25, 2013

с. Октиси, Струга, 2.01 Kms

Вандализам во црквата „Св.Димитрија“ во Октиси

13:05 Sep 27, 2013

с. Октиси, Струга, 2.01 Kms

Инцидент во Вевчани

13:05 Jul 04, 2013

Вевчани, 2.64 Kms